Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот играч на Вашингтон, Џон Вол не е љубител на новите одлуки во НБА, играчите да седат цел натпревар за да се одморат.
Скоро сите големи ѕвезди добиваат ден одмор и шанса да пропуштат некои натпревари. Причина за тоа не се повредите, туку желба да се одморат од густиот распоред.
„Тоа е голема разлика во нашата лига. Поради тоа сите омекнавме.“
„Играчите седат и одмараат. Разбирам дека тренерите носат такви одлуки. Не можете да се спротиставите на тренер или доктор.“
„Но јас не сум тип на играч кој сака да седи и одмара. Мислам дека им го должите тоа на навивачите. Тие плаќаат за да не гледаат.“
Вол неодамна во поразот од Далас играше и покрај проблемите со левото стапало.