Играчот за врска на Челси и во наредната сезона ќе игра во Милан


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како што пренесуваат италијанските медиуми, Росонерите се на прагот на ангажирање на уште едно засилување за наредната сезона.

Новата управа на Милан вредно работи на создавање на екипа за наредната сезона.

Пробуваат да ја завршат зделката со Аталанта и Френк Кеси да се пресели на Сан Сиро, а бараат за уште некој играч за врска.

На мета се Матео Коваќиќ, Лоренцо Пелегрини, но и уште еден играч на Сасуоло, а за што нешто повеќе можете да прочитате ТУКА.

Голема желба на навивачите е Сеск Фабрегас, но прашање е дали Милан ќе има пари за искусниот Шпанец, и се е пореачно дека ќе се свртат на други опции.

Според најновите информации, на Сан Сиро и во наредната сезона ќе остана хрватскиот интернационалец Марио Пашалиќ, кој во ова натпреварувачка година во дресот на Росонерите играше на позајмица од Челси.

Неговиот менаџер Марко Налетиќ изјави дека Пашалиќ сака да остане, најважно му е да игра, а речиси сигурнбо на Бриџ нема да добие шанса, се укажува дека ќе остане во Милан.

Останува да видиме дали новата управа ќе го откупи од Сините, или му следи уште една позајцамица.