Играч на Волверхемптон се шокираше кога виде што се случило со неговото БМВ


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Играчот на Волверхемптон, Рајан Бенет ја контактираше полицијата за необичен проблем во врска со неговиот автомобил.

Најпрво полицијата помислила дека се работи за кражба на неговиот автомобил, но кога дошле на местото на злочинот виделе дека автомобилот е на вообичаеното место, но кога се доближиле сфатиле дека нешто не е во ред.

Тие забележале дека некој му ги украл гумите од автомобилот, а фудбалерот понудил награда за оној кој знае кој го направил ова.

„Баш убаво е да се разбудите и да видите дека некој идиот ви ги украл гумите од вашиот автомобил. Доколку некој добие сомнителна понуда за Данлоп гуми со посебни фелни, веднаш нека ме контактира“, напиша играчот на Волвс на Твитер.