Играч на Милан утре потпишува за руски клуб


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилскиот напаѓач Луиз Адријано веќе година дена пробува да ја напушти екипата на Милан, но тоа никако не му успева.

Луиз Адријано во минатиот јануари беше на чекор од премин во Кина, но трансферот му пропадна во последен момент.

Бразилецот во летото се одлучи да остане во Милано со цел да се избори за место во првиот тим, но очигледно направи грешка.

Италијанските медиуми пренесоа вечерва дека Адријано конечно најде нов клуб, и дека утре треба да потпише за московска Спартак.

Бразилецот отпатува во Германија каде што се подготвува рускиот тим и утре ќе одработи лекарски прегледи.

Овој 29-годишен напаѓач во летото 2015 година стигна на Сан Сиро како големо засилување од украински Шахтјор, но на крајот се покажа како големо промашување.

Адријано се надева дека во Спартак повторно ќе ја врати својата стара форма кога со одлични игри успеа да избори и повик во репрезентацијата на Бразил.