Играч на Челси побарал да си замине во јануари


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот од одбраната на Челси, Андреас Кристенсен побарал да си замине од клубот во текот на јануарскиот преоден рок.

22 годишниот фудбалер се уште нема премиерлигашки настап оваа сезона под водство на Маурисио Сари иако минатата сезона беше стандарден во одбраната на тимот предводен од Антонио Конте.

Сепак оваа година Сари повеќе шанса им дава на Рудигер и Давид Луиз, па така данскиот фудбалер ќе побара да си замине од клубот. Тоа го потврди и неговиот татко и агент, Стен Кристенсен.