Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Вечра беше ноќ за заборав за искусниот аргентински фудбалер Гонзало Игуаин. Промаши пенал за изедначување на резултатот, а потоа во финишот поради жестока реакција на судиската одлука доби и црвен картон.
После се Игуаин претрпе жестоки критики, а и тој сфати дека претера со неговата реакција.
„Се извинувам на сите, соиграчите , тренерот, навивачите и судиите кои добро знаат што им реков. Мислам дека судиите понекогаш треба да ги разберат емоциите во одредени моменти во мечот“, рече Игуаин и додаде:
„Не требаше тоа да го направам. Ја прифаќам цела одговорност, погрешив и знам дека ваквите работи не смеат да се повторат. Сепак, емоциите се посебни кога играте против својот поранешен тим. Не сме роботи, луѓе сме и имаме емоции“, реше напаѓачот на Милан.
Игуаин ќе го пропушти наредниот меч на Милан во првенството, а тоа е уште едно дерби против Лацио на Олимпико.
https://www.youtube.com/watch?v=rh7Y_KZtQpI