Игуаин сака да остане во Јувентус со цел повторно да игра со Роналдо?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес се појавија информации дека Роналдо може да направи сензационален трансфер ова лето и да премине во Јувентус.

Некои дури мислат дека работата е завршена, додека сега навистина интересно звучи изјавата на Роналдо од април оваа година, после овациите на стадионот во Торино, Кристина изјави дека „Јувентус е клубот кој го сака од своето детство“.

Нешто порано се појавија и шпекулации дека неговиот некогашен соиграч од Реал, Гонзало Игуаин би можел да го напушти Јувентус и дека е веќе во преговори со Челси.

Сепак, сега братот и менаџер на Гонзало, Николас Игуаин ги демантираше преговорите со Челси, но и порача дека би било супер да се види неговиот брат и Кристијано Роналдо во ист тим. Николас Игуаин изјави дека Гонзало сака да остане во Јувентус, можеби поради тоа што во Торино наводно ќе пристигне и одличниот Португалеџ.

„Не преговараме со Челси, Гонзало ќе го испочитува договорот со Јувентус, а би било сјајно да се видат Игуаин и Роналдо заедно на теренот“, изјави Николас Игураин за СкајСпортс, пренесува новинарот Фабрицио Романо.