Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шалке во ова лето може да остане без неколку првотимци, а еден од нив судејќи по се може да заврши на Емирати.
Како што пренесува германски Билд Шалке е спремен во ова лето да го продаде играчот за врска Леон Горецка што автоматски ја алармираше управата на Арсенал.
Момчето кое има само 22 години, веќе има четиригодишно искуство со играње во Бундеслигата, бидејќи во 2013 година дебитираше за првиот тим на Шалке.
Може да покрива повеќе позиции во средниот ред, што идеално одговара на Арсенал, кој во летото, се е појасно, промаши со ангажирањето на Гранит Џака.
Уште подобра работа за Топџиите е што екипата од Гелзенкирхен постави и цена за репрезентацитецот на Германија, а бидејќи договорот им истекува од тимот од Велтинс Арена истекува во 2018 година, Шалке бара 21 милиони фунти.
Тоа е сосема прифатлива цена за управата на Арсенал, конкуренција ќе има во Јувентус, ќе видиме како работите ќе се одвиваат во ова лето.
Јасно е само дека Горецка во ова лето ќе го напушти Гелзенкирхен, бидејќи одби да го продолжи договорот со клубот, и нема сомнеж дека управата на Шалке ќе направи се со цел да подобро да го наплати во наредниот трансфер период.