Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
ПСЖ новата сезона во Лигата на шампионите ја започна со пораз на Енфилд од Ливерпул (3:2).
Парижаните примија гол во последните секунди од мечот, а некогашниот фудбалер на Арсенал, Мартин Кеоун. поприлично ги критикуваше Светците.
Тој тврди дека играчите на ПСЖ изгледаат како холивудски ѕвезди и дека меѓу нив нема љубов.
„ПСЖ нема единство во тимот како што има Ливерпул. Изгледаат како холивудски тим. Кога ги гледам, не гледам дека покажуваат љубов еден спрема друг“, рече Кеоун и доададе:
„Не гледам дека Нејмар ужива во играта. Видов пркос кај Мбапе покрај голот, но тој не ја испрати топката со потполна посветеност. Кога го напуштаа теренот се гледаше физичка исцрпеност“, истакна Кеоун.
Прилика за прва победа во ЛШ ПСЖ ќе има на 3. октомври кога на Праков на принцевите ќе ја дочекаат Црвена Ѕвезда.