Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Е тоа се случува во Полска..
Легија Варшава изгуби со 3:0 од Лех Позњан во дербито на полската лига ова коло, а најзагрижените навивачи тоа им го наплатија на играчите.
Играта на Легија оваа сезона е катастрофална, во Европа не успејаа да влезат, во лигата се дури на осмото место што е навистина многу лош почеток за екипа како Легија.
Таквата ситуација во која се наоѓа клубот ги искина нервите на навивачите од Варшава, го пречекаа автобусот на тимот со играчите и им одржаа лекција каква што не е видена во фудбалската историја.
Претседателот на хулиганите почна да им удира шамари на некои од фудбалерите како и на членовите на стручниот штаб.
За среќа, како што пишуваат медиумите во Полска нема никој повреден.