Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид би можел да врати кај себе интересно име.
Се работи за младиот фудбалер на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Маскарел кој ги помина младинските селекции на кралскиот клуб.
Маскарел во 2010-та година стана член на младиот тим на Реал. Потоа играше за сите категории на овој клуб и има одиграно еден натпревар за првиот тим.
Сепак, повеќе од тоа не можеше. Прво беше позајмен на Дерби, па потоа и на Спортинг, а на лето потпиша договор со Ајнтрахт.
Неговите одлични игри не поминаа незабележано. Кралевите го сакаат назад и би можел да биде првото засилување во летниот преоден рок.