„Икарди беше мирно и верно момче, но Ванда го уништи!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Семејството на Мауро Икарди не е во добри односи со неговата сопруга и менаџерка, Ванда Нара, која во претходните недели направи хаос во Милано, поради што му беше одземена капитенската лента на Аргентинецот.

Медиумите шпекулираат дека Икарди ќе ја напушти „Џузепе Меаца“, а многумина велат дека е жртва на влијанието на својата сопруга и менаџерка.

Икарди поради Ванда не разговара ниту со семејството, па сестрата Ивана реши да ја „отвори“ душата и да открие досега непознати детали за братот и неговата сопруга.

„Мауро беше одлично момче, верно и интелигентно. А, таа глуми дека постојано е до него и така го уништува. Зошто да дозволиме да страдаме поради неа? Таа не се грижи за семејството, а се надевам брат ми ќе ги отвори очите еден ден“, вели сестра му.

Ова не е првпат сестрата на Икарди да ја нападне Ванда, која неодамна кажа дека таа планира да извлече само пари од него.