Икарди би можел да го следи патот на Един Џеко


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Традиционално Интер, не е тим познат по напаѓачка филозофија, ако се земат предвид најголемите успеси на клубот предводени од Жозе Мурињо кои ги постигна бранејќи се и напаѓајќи од контра напади.

Со доаѓањето на Спалети, кој што можеби е најдобриот офанзивен тренерски ум на планетава и еден одличен напаѓач како Икарди, кој што би можел сето тоа добро да го искористи и да тргне по стапките на Един Џеко, односно да биде стрелец број еден во Серија А.

Во првата сезона на Џеко и Спалети, тој бележеше 2.7 шута по 90 минути игра, но Спалети тоа го промени и му допушти на Босанецот да шитура, а Џеко следната сезона имаше рејтинг од 5.2 шута по натпревар. Крајниот резултат од тоа беше 0.8 гола по натпревар.

Статистиката никогаш не лаже, а изминатата сезона тимот на РОма под водство на Луциано Спалети беше уживање да се гледа. Тие знаеја да изираат натпревар каде се закануваат преку контри, но знаеа и да одиграат натпревар каде нивниот посед на топката го кршеше противничкиот тим.

Мауро Икарди, најдбриот фудбаер на Интер, минатата сезона бележеше 3.2 шута по натпревар, што значи дека неговиот рејтинг може многу да порасне под палката на Спалети.

Шутовите се еднакви на голови. Повеќе шутови е еднакво на повеќе голови ако тие завршат таму кај што треба, секако.

Останува да видиме како ќе тече летото за тимот на Интер и дали тие ќе ги решат дефанзивните проблеми кои ги имаат, но едно е сиурно СПалети може да го направи Икарди вистински лидер на тимот.