Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мауро Икарди уште паузира поради наводната повреда на коленото, но реши да се огласи на социјалните мрежи по триумфот на Интер против Милан од 3-2.
Аргентинецот беше среќен поради победата на неговата екипа, иако не можеше да им помогне, па на социјалните мрежи напиша дека „Милано е само сино-црн“.
Од друга страна, првите најави од Италија беа дека ќе се среди ситуацијата меѓу Аргентинецот и Интер, но потоа се појавија информации дека „нераѕурите“ ја одредиле цената за негов трансфер, па очигледно драмата ќе трае уште долго, а во моментов решение нема на повидок.
Да потсетиме, многу европски гиганти се заинтересирани за Икарди, меѓу кои се и Јувентус, Реал Мадрид…