Илиев за прв пат на клупата на сениорскиот тим на Арсенал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дени Илиев за прв пат во кариерата имаше можност да биде во протоколот на сениорскиот тим на Арсенал.

Струмичанецот беше на клупата за резервни фудбалери на денешниот натпревар кој Арсенал по продолженија го доби против Норвич.

„Топчиите“ со двата гола на младиот Нкетиа во 85. и во 96. минута ја обезбедија победата против тимот од Чемпионшип.

На победа се радуваше и Манчестер Јунајтед кој на гостувањето во Велс кај Стоук славеше со 2:0. Стрелец на двата погодоци за „Ѓаволите“ беше Џеси Лингард.

Езгјан Алиоски исто како Илиев од клупата за резервни натпревари го гледаше натпреварот против некогашниот шампион на Англија, Лестер. „Лисиците“ со 3:1 беа поуспешни од Лидс за тренерско деби со победа на Мајкл Апелтон.

Резултати:

Арсенал- Норвич 2:1

Буренмут- Миделсброу 3:1

Бристол Сити- Кристал Палас 4:1

Лестер- Лидс 3:1

Свонси- Манчестер Јунајтед 0:2