„Имавме среќа“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на фудбалерите на Челси Антонио Конте рече дека е задоволен од денешната победа во дербито од Премиерлигата против Манчестер Сити, но и дека неговата екипа имаше среќа во тој натпревар.

Челси вчера во Манчестер го победи Сити со 3:1, ја оствари седмата победа по ред во првенството и го задржа првото место на табелата.

Сити поведе со автоголот на Гери Кејхил во завршницата на првото полувреме, а Кевин Де Брујн и Серхио Агуеро после тоа не успееја да искористат добри шанси.

Во последниот пола час Челси постигна три гола, преку Диего Коста, Вилијан и Еден Азар.

„Тоа е голема победа и голем резултат против навистина силен тим. Со толку квалитетни играчи во екипата, мислам дека Сити е најкомплетен тим во лигата. Поради тоа сум задоволен од резултатот и моите играчи покажаа карактер. Имавме среќа на почетокот на второто полувреме поради тоа што имаа пречка, а и Тибо Куртоа одбрани една шанса па остана „0:1“, рече Конте за клупската телевизија.

Тој додаде дека екипата пронајде сила да израмни, а потоа и да постигне голови за победа.

„Тоа е фантастично поради тоа што не е лесно да дојдеш на овој стадион и да победиш“, рече Конте.