Индијан Велс – Плишкова се мачеше, Мугуруза и Конта беа сигурни!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


3-та тенисерка во светот, Каролина Плишкова со многу проблеми се палсираше во 3-то коло на турнирот откако ја победи Пуиг во 3 сетови со 1:6, 6:4 и 6:4 по 2 часови игра.

Во борба за 1/8-финале ќе игра против Бегу.

Доминика Цибулкова успеа да ја победи Остапенко со 6:4, 3:6 и 6:3, а во 3-то коло се пласираше и Кузњецова која ја победи Ларсон од Шведска со 7:6 и 6:4.

7-та тенисерка на ВТА листата, Мугуруза лесно излезе на крај со Флипкенс, која ја победи со 6:2 и 6:3, како и Конта која победи против Вотсон со 6:4 и 6:4.

Останати резултати:

Свитолина – Кианг 2:1
Вични – Бренгл 2:0
Гаврилова – Викмајер 2:0
Деј – Лучиќ-Барони 2:1
Гарсија – Родина 2:0
Башински – Никулеску 2:0
Стрицова – Ерани 2:1
Бертенс – Бенчиќ 2:0
Павличенкова – Контавајт 2:0
Плишкова Кр. – Касаткина 2:0
Бегу – Чирико 2:0