Индијан Велс – Поспишил го шокираше Мареј!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Васек Поспишил стигна до најголемата победа во кариерата откако го победи Енди Мареј.

129-от тенисер на АТП листата победи со 2:0 во сетови против Мареј, односно со 6:4 и 7:5 по 1 час и 52 минути игра.

Поспишил успеа да искористи 4 од 10 брејк топки, а изгуби и 3 брејкови. Имаше 5 ас удари, 2 опвеќе од Мареј.

Ова беше нивни 5-ти дуел и прва победа на тенисерот од Канада.

Негов противник во 1/8-финалето ќе биде Душан Лајовиќ кој го победи Лопез со 6:2, 4:6 и 7:6.

Турнирот во Индијан Велс се игра за награден фонд од 6.993.450 долари, а титулата ја брани Новак Ѓоковиќ.