Интересно е на Олд Трафорд: Хуан Мата доби фантастични понуди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот играч за врска Хуан Мата на крај на април ќе го прослави својот 31ви роденден, а веќе пет години е член на Црвените Ѓаволи, а договорот со англискиот великан му истекува во јуни.

Договор за продолжување на соработката засега нема, а ако Мата одлучи да го напушти клубот, изборот на нов тим нема ни малку да биде лесен, бидејќи за него се заинтересирани многу големи тимови.

Мата по правило веќе сега може да потпише преддоговор со некоја екипа, а засега голема борба за него водат Арсенал и Барселона.

Двете екипи веќе го контактираа искусниот шпанец. Сакаат што побргу да ги осигураат неговите услуги за наредната сезона и ќе биде навистина интересно да видиме што ќе одлучи Мата.

Меѓутоа не се само Арсенал и Барселона заинтересирани за него, Јувентус и ПСЖ исто така се распрашуваат за неговите услги и изборот на правиот клуб за Мата нема воопшто да биде лесен.

Мата е член на Јунајтед од јануари 2014 година. Стигна од Челзи, а во својата кариера има уште играно за Валенсија и младинската екипа на Реал.