Интер го договори првиот зимски трансфер!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Клубот од Милано треба да стане посилен за играчот за врска на Ливерпул Лукас Леива.

Интер практично го заврши првото засилување во зимскиот преоден рок.

Добро упатената Газета пишува дека се е договорено за бразилскиот играч за врска Лукас Леива кој во Интер ќе дојде на шестмесечна позајмица. Со право на откуп.

Миланскиот клуб веќе долго време го следи Леива, но сега е вистинско време бидејќи Јирген Клоп повеќе не смета на искусниот играч за врска.

Интер постигна договор со Леива, останува само Клоп да даде зелено светло, па трансферот да биде официјализиран.