Интер го донесе како големо засилување, но на крај ќе му ја „удри клоцата“!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Управата на Интер не е задоволна од односот на Раџа Наинголан кон тренинзите и кон дисциплината на клубот, па досега направи неколку прекршоци.

Ситуацијата ескалираше брзо, па Интер го суспендираше Наинголан поради кршење на клупската дисциплина со 100.000 евра, а „Газета“ пишува дека „Нинџата“ би можела да замине во јануари.

Интер го плати речиси 40 милиони евра Наинголан, кој требаше да биде големо засилување, но ништо од тоа поради неговите пороци.

Поради тоа, „нераѕурите“ ќе се обидат да го продадат на Кинезите, кои и порано покажуваа желба да го ангажираат Наинголан, а Интер ќе се обиде да ги врати парите вложени во неговиот трансфер.