Интер го продава Брозовиќ за 50 милиони евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Добра зделка на миланскиот клуб во најава.

Интер конечно го пронајде вистинскиот Марсело Брозовиќ, но лесно може да остане без него во јануари.

После неколку очајни партии на хрватскиот играч за врска ја пронајде добрата форма кај новиот тренер Стефано Пиоли, па и нов договор до 2021 година стана реалност, потпишан е неодамна.

Но, се се промени во краток рок и за тоа се виновни Кинезите. Имено, италијански Калчомеркато пишува за голема понудаза Хрватот која веќе стигна на Меаца од Далечниот Исток.

Не е тајна дека Нероаѕурите се во проблеми, пред се поради кршење на финансискиот  фер-плеј, а се појави приказна за одличната понуда на еден неименуван кинески клуб од дури 50 милиони евра.

Со оглед на тоа дека Интер го купи од загребски Динамо за само 7.5 милиони евра, јасно е дека миланскиот тим не смее да ја успушти шансата и добро да заработи на Кинезите.

Нема што, продажбата на Брозовиќ ќе биде одличен потег за Интер бидејќи на него ќе завршат во дебел плус од речиси 45 милиони евра, а со тоа може лесно да се испеглаат книгите пред контролата на финансиските органи при УЕФА кои мораат да ја прочешлаат документацијата на Нероаѕирите.

Иако внатре во клубот има луѓе кои не сакаат да го пуштат Брозовиќ во Кина, се чини дека Интер не смее да пропушти ваква шанса бидејќи ваква понуда не се добива секој ден.

Доста, навистина, ќе зависи и од желбата на Хрватот, но ако му подобар добра плата  лесно може да заврши во кинеската Суперлига со Оскар и Тевез.

Да потсетиме, пред неколку дена се појави информација дека уште еден хрватски репрезентативец Никола Калиниќ е блиску до трансфер во кинеската Суперлига.