Интер го „стокми“ отказот за Спалети: Пораз од Болоња на домашен терен


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Интер претрпеа пораз во 22. коло во италијанското првенство од Болоња со минимални 0:1.

Почетокот на натпреварот не донесе премногу интересен фудбал. На првото возбудување се чекаше до 32. минута кога Сантадер ја смести топката во мрежата на Интер.

Интер по примениот погодок заигра многу подобро, но не можеа да го најдат патот до мрежата на Болоња.

Икарди, Перишиќ, Мартинез и Ранокија имаа шанси, но не успеаја да ја израдуваат домашната публика.

По овој пораз уште повеќе се зголемуваат шпекулациите дека Лучијано Спалети ќе биде сменет од клупата во најскоро можно време.