„Интер е како Реал во моментов!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гонзало Игуаин изјави дека Интер е во форма како Реал Мадрид.

Интер се наоѓаат во одлична форма и во Серија А стигнаа до 7-та победа по ред, а токму поради тоа Игуаин пред дербито предупредува за нивната добра игра.

Свесен е дека за победа ќе треба голема борба.

„Буфон е во право кога го фали Интер. Моментално тие се како Реал. Доколку ги победиме, ќе направиме голем чекор кон бранењето на титулата. Ќе биде многу тежок натпревар, мораме да бидеме на високо ниво.“

Игуаин со 15 постигнати голови се наоѓа на врвот на листата на стрелци во Серија А.