Интер има пеколен план: Марота подготвува жестока „одмазда“ за Јувентус


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Интер синоќа доживеа уште еден дебакл, откако беше поразен на гостувањето кај Каљари со 1-2. „Нераѕурите“ повторно ги разочараа навивачите и сега им „виси“ место кое обезбедува пласман во Лигата на шампиони наредната сезона.

Најмногу критики доби тренерот Лучано Спалети, кој најверојатно на крајот на сезоната ќе биде отпуштен, па на негово место се очекува големо име.

Спалети сезонава имаше неколку чудни порази, кои ги свртеа навивачите против него. Наводно, дури и управата на Интер размислува за тоа да го замени, а „Газета дело Спорт“ објави дека спортскиот директор Бепе Марота планира да го донесе Максимилијано Алегри од Јувентус.

Наводно, Јувентус ќе му даде отказ на Алегри, доколку сезонава не ја освои титулата во Лигата на шампиони, а сега е на чекор до такво нешто, зашто има пораз во првиот осминафинален меч со 0-2 од Атлетико Мадрид.

Се споменува  и пристигнување на Жозе Мурињо, но очигледно такво нешто нема да се случи, зашто управата на Интер не можат финансиски да си го дозволат.