Интер киксираше против последно пласираниот тим на табелата (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Екипата на Интер гостуваше во Верона кај тимот на Киево кој во моментов е последно пласиран на табелата во Серија А.

Тимот од Милано имаше победа во своите раце се до 90. минута кога искусниот Сержо Пелисиер погоди за израмнување на резултатот.

Претходно Иван Перишиќ во 39. минута донесе предност за тимот на Интер.

И покрај бодот, Нероазурите и понатаму ќе останат на третата позиција со 33. освоени поени.