„Интер нема повеќе да го понижува Габигол“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Агентот на Габриел Барбоса тврди дека во Интер повеќе нема да го понижуваат неговиот клиент.

Иако беше платен 30 милиони евра, Габигол одигра само 16 минути за Интер од доаѓањето од Сантос.

Агентот на фудбалерот е разочаран од фактот дека неговиот клиент не игра.

„Постојано разговараме. Не е среќен во Интер. Никој не знае зошто не игра. Ќе ја решиме ситуацијата во јануари. Има 5-годишен договор, но тоа не значи ништо во вакви ситуации. Нема никој да го понижува, ви го гарантирам тоа.“