Интер не застанува само со Врсаљко: Договорени личните услови со уште една голема ѕвезда


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Трансферот на Артуро Видал во Интер е речиси готова работа откако Чилеанецот ги договорил личните услови со тимот од Милано.

Играчот од средниот ред е подготвен да потпише тригодишен договор со Интер со кој би заработувал по пет милиони по сезона.

31 годишниот фудбалер ќе се врати во Серија А најпрво како позајмен фудбалер, а потоа Интер ќе има обврска целосно да го откупи неговиот договор. Трансферот целосно би изнесувал околу 25 милиони евра.