Интер посакува играч на Манчестер Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се поизвесно е дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија ќе си замине како слободен агент по крајот на оваа сезона.

За искусниот, 33 годишен фудбалер постои интерес од неколку клубови од Италија и Англија, а најсериозен во намерата да го донесе Валенсија е тимот на Интер.

„Мирор“ пренесува дека преговорите на Валенсија со Интер веќе започнале и се очекува наскоро да има конечен епилог.

Доколку си замине по крајот на оваа сезона, капитенот на Манчестер Јунајтед ќе го прекине десетгодишниот престој на „Олд Трафорд“.