Интер прави спектакуларен трансфер, Марота на преговори во Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијански „Калчомеркато“ пишува дека Интер повторно ќе тргне по Лука Модриќ и во тоа главен адут ќе им биде новиот спортски директор Џузепе Марота.

Неговата специјалност е ангажирање на фантастични фудбалери, а учествуваше и во трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид за 100 милиони евра.

Модриќ минатото лето се поврзуваше со Италијанеците, а сега влегува во својата 34 година и би можел да го направи својот последен голем трансфер во кариерата.

Во Интер најверојатно ќе го пречекаат Марсело Брозовиќ и Шиме Врсаљко…