Интер си најде засилување во Сампдорија, но проблем му прават Англичаните!?


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Пред неколку години Интер од Сампдорија го ангажираше Милан Шкрињар за 25 милиони евра, а очигледно тоа беше навистина добар трансфер за нив, па сега сакаат уште еден фудбалер да купат од таму.

Тренерот на „нераѕурите“, Лучано Спалети, е заинтересиран за услугите на Јоаким Андерсен, кој настапува одлично сезонава.

Сепак, Интер ќе има голема конкуренција од Премиерлигата бидејќи за него интерес покажаа Арсенал и Тотнем, а исто така данскиот фудбалер би сакал да се пресели во Англија.

Сепак, едно е сигурно, а тоа е дека ќе се води голема борба во јануари за неговиот потпис.