Интер со официјално соопштение по расистичките напади врз Кулибали


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од раководството на Интер и официјално испратија соопштение по повод расистичките напади од публиката кон Калиду Кулибали.

„Нероазурите“ со соопштението го осудија расизмот и му дадоа поддршка на сенегалскиот интернационалец.

„Од 1908 година Итнер претставува интеграција, иновација и прогресивност. Историјата на нашиот клуб е без дискриминација да се изградиме за иднината, да сме отворени кон секого. Оние кои не ја разбираат историјата на Интер, не треба да бидат со нас“ –стоеше во дел од соопштението на Интер.