Интер со петарда дојде до врвот во Серија А за прв пат по седум години


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Интер славеше убедлива победа од 5:0 против екипата на Киево и со тоа се искачи на врвот во калчо лигата за прв пат по седум години.

Најзаслужен за победата на избраниците на Спалети беше Иван Перишиќ кој постигна хет-трик на овој натпревар. Хрватот го отвори резултатот во 23. минута од натпреварот. 15 минути подоцна Мауро Икарди го зголеми водството на 2:0.

Во вториот дел Перишиќ со својот втор гол зголеми на 3:0, а во 60. минута Милан Скриниар го постигна четвртиот гол за Интер. Во судиското продолжение Перишиќ го постави конечниот резултат.

Интересен е фактот што Интер не бил на чело на Серија А уште од есента 2010 година кога тогаш Интер како актуелен шампион кратко време беше на врвот на табелата. Во тој момент за Интер настапуваше и нашиот Горан Пандев, а предводник од клупата за нероазурите беше Рафа Бенитез.