Интер тргнува по дефанзивецот на Рома!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите пренесуваат дека Интер во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе Стротман од Рома.

По 2-годишна борба со повреда на коленото, поради што му предвидуваа крај на кариерата, овој 27-годишен фудбалер се врати во првиот тим на Рома.

Стротман е фудбалер кој би сакале да го имаат во тимот многу клубови, а се очекува во лето да стигне понуда од Интер до Рома.

Според медиумите, Интер на Стротман ќе му понуди 5-годишен договор според кој ќе заработува 5 милиони евра по сезона.

Кевин Стротман има договор до 2018 година и сега се очекува брза реакција од клубот, кој едноставно мора да му го продолжи договорот ако сака да го задржи во клубот.