Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанскиот фудбалер од редовите на Фиорентина, Федерико Киеза со своите феноменални партии го привлече вниманието кон себе на многу големи тимови.
Киеза речиси сигурно ќе си замине од „Артемио Франки“ во летниот преоден рок, а „Кориере дело Спорт“ пренесува дека Интер и Јувентус ја водат битката за неговиот потпис.
Сепак, за него постои интерес и од двата клуба од Манчестер како и од редовите на Баерн Минхен.
Од Фиорентина за услугите на Киеза ќе бараат сума од околу 60 милиони евра, пари кои воопшто нема да бидат проблем за гигантите кои пројавиле интерес за него.