Интер, Јувентус, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе водат жестока битка за играч на Фиорентина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот фудбалер од редовите на Фиорентина, Федерико Киеза со своите феноменални партии го привлече вниманието кон себе на многу големи тимови.

Киеза речиси сигурно ќе си замине од „Артемио Франки“ во летниот преоден рок, а „Кориере дело Спорт“ пренесува дека Интер и Јувентус ја водат битката за неговиот потпис.

Сепак, за него постои интерес и од двата клуба од Манчестер како и од редовите на Баерн Минхен.

Од Фиорентина за услугите на Киеза ќе бараат сума од околу 60 милиони евра, пари кои воопшто нема да бидат проблем за гигантите кои пројавиле интерес за него.