Информации за првата ТРАНСФЕР БОМБА во зимскиот преоден рок: Метата на Реал Мадрид го одби договорот со сегашниот клуб?!


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Реал Мадрид е екипа која секогаш има најмногу цели, како на фудбалскиот терен, така и на пазарот на фудбалери.

Ги сака оние најдобрите, а еден од играчите кои се на радарот е и членот на Тотенхем, Кристијан Ериксен.

Во него гледаат идеална замена за Лука Модриќ, играчот кој веќе има 33 години и кој би можел да размислува за некој нов ангажман.

Ериксен често се доведуваше во врска со мадридскиот гигант во изминатата година, но до трансфер не дојде бидејќи се прашуваше Тотенхем. Спарси сакаа дополнително да ја засилат својата преговарачка позиција со Реал Мадрид, така што би го продолжиле договорот на Данецот, но до тоа не дојде.

Имено, Ериксен ја одби првата понуда на Тотенхем, но преговорите ќе продолжат и Реал Мадрид секако ќе ја следи ситуацијата во тие преговори.

Данецор моментално прима 75 илјади фунти неделно, и тоа е двојно помалку од Деле Али, па можеби неговиот револт и барањата се очекувани.