Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ситуацијата не е добра, Андалужанинот е нервозен, сака да замине, но Реал не сака ниту да чуе. Сепак, со лентата нешто друго е во прашање…
Многу шпекулации слушнавме синоќа откако Иско ја одби лентата кога Марсело ја напушти играта против ЦСКА во поразот на Реал Мадрид.
Веднаш се јавува теоријата дека е во прашање презир кон Солари и неговата визија за тимот во кој Андалужанинот не е стартер.
„Ми кажа лентата да му ја дадам на Карвахал. Поради што? Немам појма“, вели Марсело.
Сепак, во прашање не е револт, иако Иско е незадоволен, имено, постоеше договор помеѓу него и Карвахал лентата да ја носи десниот бек, Иско беше капитен во купот против Мелил.
Било како и да е, иако сака да оди од клубот, Перез ја исклучи таквата можност, Јувентус одговори дека единствен начин играчот да го напушти Мадрид е да ја платат неговата клаузула од 700 милиони евра.
Играчот инаку синоќа влезе во дуел и со публиката која го исвирка, ги праша што сакаат и беше доста нервозен. Јасно е дека работите не се добри, иако понижувачкиот пораз нема последици на пласманот на Реал во топ 16, тие се лидери во групата и ќе бидат во подобриот шешир во понеделник на ждрепката.