Иско пристигнува во Лондон: Трансферот вреден 70 милиони фунти, конечно на повидок…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на мадридски Реал, Иско веројатно ќе ги напушти редовите на европскиот шампион во јануари.

Според информациите на англиските медиуми, лондонски Челси се наоѓа блиску до договор со шпанскиот фудбалер и тој од почетокот на 2019. година би можел да заигра на „Стемфорд Бриџ“.

„Плавите“ за услугите на овој фудбалер ќе издвојат 70 милиони фунти, додека Иско во Лондон би требало да заработува околу 250000 фунти на седмично ниво.

Договорот ќе биде потпишан на четири и пол години, а како што се наведува Челси е подготвен да исплати дополнителна сума на шпанскиот репрезентативец веднаш по потпишувањето на догвоорот.

Иско има намера да замине. Очигледно е дека 26-годишниот офанзивец не е среќен на „Сантијаго Бернабеу“, а дури и навивачите се свртија против него.

Оваа сезона Иско одигра вкупно 17 натпревари, постигна четири погодоци и запиша една асистенција.