Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчот за врска на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија, Иско, во последно време се почесто е предмет на трансфер шпекулации на шпанските медиуми.
Тие во последните денови го преселуваат во редовите на најголемиот ривал на Реал Мадрид, Барселона, но репрезентативецот на Шпанија после синоќешниот натпревар против Изразел се одлучи да ги демантира тие наводи.
„Играчите секогаш се изложени на шпекулации. Така е тоа и се навикнавме. Во последно време нема многу натпревари па така луѓето мораат да измислуваат некои работи. Не знам зошто е така. Јас зборувам на теренот“, рече Иско.
Да потсетиме дека Иско беше еден од четворицата стрелци во мечот против Израел, а мрежата на гостинската екипа ја затресе во 88 минута.
За неговите услуги се интересираат и некои екипи од Премиер лигата, а во прв ред се Манчестер Јунајтед и Тотенхем.