Искусниот Адвокат на нова задача


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Последниот ангажман искусниот Адвокат го имаше во Спарта од Ротердам со која се раздели на почетокот од летото, а за нов ангажман не чекаше долго, затоа што е именуван за нов тренер на Утрехт.

Дека се е договорено, соопшти и Утрехт на својата официјална страна. Оваа сезона клубот не ја започна најдобро во изминатите четири кола оствари само една победа, што беше јасен сигнал да се запали црвената тревога, па во помош дојде повиканиот Адвокат.

На Адвокат ќе му помага српскиот стручњак Жељко Петровиќ со кој соработуваше додека ја водеше репрезентацијата на Србија.

Во досегашната кариера тој ги има водено тимовите на Фенербахче, ПСВ, Сандерленд, Зенит, како и репрезентациите на Холандија, Русија и Србија.