Историјата не може да се избрише: Најдобриот играч на Челси пречекан со овации какви што не се запаметени на „Стемфорд Бриџ“ (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Френк Лампард, најдобриот стрелец на Челси, а многумина легенди ќе кажат и најдобар играч на тој клуб на сите времиња, кој во 13 години меѓу „Плавите“ го водеше клубот до три англиски, еден европски и еден во Лига Европа трофеи, првпат по завршувањето на играчката кариера се врати на местото на триумфот.

Како тренер почеток на второлигашот, Дерби Каунти, на „Стемфорд Бриџ“ беше во необична улога на гостин. И тоа во Лига Купот кај Челси. Клубот на неговиот живот слабеше над избраниците на Лапмпард со 3:2.

Тренерот на гостите така фантастично се претстави во новата улога. Бидејќи клубот кој во Чемпионшип е на шестата позиција, кој на крајот на сезоната е на чекор за доигрување за пласман во Премиер лигата, понуди одличен отпор на една од најдобрите англиски екипи.

По мечот, Лампард пристапи на тревникот да ги поздрави навивачите со кои мина повеќе од една деценија, но и фановите на гостите. За возврат доби овации од целиот стадион, какви оддамна не се паметат на „Стемфорд Бриџ“.