Италијанските медиуми едногласни: Палермо одбил 25 милиони за Македонскиот „бомбардер“ !


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

Претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини открива дека одбил 25 милиони за неговиот најдобар играч, Илија Несторовски, бидејќи сакал да ги задржи најдобрите играчи и клубот повторно да го врати во Серија А.

Палермо испадна од Серија А во мај, а се зборуваше дека Зампарини ќе го изгуби претседателското столче, откако клубот од Сицилија падна во пониското натпреварување, Серија Б.

„Имаше многу понуди од сите страни, за нашите најдобри играчи, Германските клубови нудеа добри пари за Алесами Јајало, Чочев, но ние успеавме да ги задржиме во клубот“. – изјави Претседателот, Зампарини.

„Торино дојде со конкретна понуда за Илија Несторовски од 25 милиони евра, но не го проадов него бидејќи сакам да не врати повторно во Серија А“.

„Имаше многу шпекулации дека мораме да ги продадеме за да избегнеме банкрот, но сето тоа беа само измислици. Следната сезона сакаме да се вратиме таму кај што припаѓаме, а тоа е Серија А.“ – Заврши Зампарини.