Италијанските медиуми се „запалија“: Икарди потпишува договор, но Ванда има нов услов!?


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека ѕвездата на Интер, Мауро Икарди ќе потпише договор во јануари и така ќе остане во Милан.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Бепе Марота планира да закаже состанок меѓу претставниците на клубот и Аргентинецот во текот на зимската пауза.

Во истиот текст се шпекулира дека е договорена соработка до 2023 година, а дека останале преговорите за платата. „Нераѕурите“ му нудат на Икарди шест милиони евра годишно, но неговата сопруга и агент, Ванда Нара бара осум.

Наводно, Икарди би можел да се откаже и од откупната клаузула, која во моментов изнесува 110 милиони евра.