Италијанците лути на Киелини поради гласовите за најдобар тренер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Наградата за најдобар играч на светот вчера ја освои Лука Модриќ, додека најдобар тренер според гласовите на капитените и селекторите беше Дидие Дешамп. Кога ФИФА ја објави листата на гласови на капитени и селектори настана прав хаос во фудбалската јавност.

Најмногу на удар се најде дефанзивецот на Јувентус, Киелини, а јавноста во Италија му замери затоа што ниту еден глас не му даде на својот тренер, Максимилијано Алегри. Тој пет бода му даде на Дешамп, три на Зидан и еден на Гарет Саутгејт.

Што се однесува на гласањето за најдобар фудбалер, пет му даде на сегашниот соиуграч, Роналдо, а најмногу гласови Португалецот доби и од селекторто на Италија, Роберто Манчини, сепак тоа не му помогна да победи на крајот.