Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентацијата на Италија синоќа во Лисабон беше поразена од Португалија со 1:0 на натпреварот кој ќе се памети по еден занимлив податок.
Имено, прв пат после две децении во стартната постава на Азурите немаше ниту еден фудбалер на Јувентус кои вообичаено низ историјата даваат убедливо најмногу за италијнската репрезентација.
Италија заигра со состав во кои беа Донарума, Лазари, Калдаро, Ромањоли, Крисито, Жоржињо, Бонавентура, Кристанте, Зата, Кеси и Имобиле, а тоа се фудбалери кои играат за Милан, Рома, Торино, Лацио, Фиорентина, СПАЛ, Џенова и Челзи.
Сепак, на терен од прва минута заигра еден фудбалер на Јувентус, но португалец, Жоао Кансело.
Последен пат кога Италија започнала натпревар без ниту еден фудбалер од Јувентус беше на 17ти јуни 1998 година против Камерун (3:0) на Светското првенство во Франција