И легендата на Франција застана зад Хрватска: Коцкестите се оштетени…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Хрватските“ играчи имаат гордост и сакаат да направат нешто повеќе по судиската неправда во последното коло, вели Жил.

Со тоа помошниот тренер на француската репрезентација им се придружи на многумината кои признаа и порача дека Хрватска е оштетена во натпреварот со Германија, во дуелот во кој Дувнјак и друштвото останаа без полуфиналето на СП.

Порано Игор Вори истакна дека германскиот голман му се извинувал, Лино Червар откри кои се селеткроти за судењето му кажале дека е срамно, а првиот човек на Хрватскиот ракометен сојуз, Томислав Граховац изјави дека домаќините му се извиниле.

Жил кој за Франција играше 16 години и со неа освои три светски, две европски и едно олимписко злато, ја пофали Хрватска во пресрет на денешниот меч.

„Хрватска потфрли во само еден натпревари, остатокот од првенството го одигра одлично. Поразот од Бразил остави последици, но Хрватска сеедно имаше шанси против домаќинот да остане во битката за полуфинале. Во понеделникот, Хрватите ја натераа Германија максимално да се ангажира и две минути пред крајот уште имаа и победа во раце“ истакна Жил.

„Хрватска и натаму може да им создаде огромни проблеми на противниците. На Хрватска овие бодови и се важни поради фаќањето место во олимписките квалификации. Мислам дека ќе се обидат да ни создадат проблем со силната одбрана, како што го направија тоа против Германија, потпирајќи се на ракометарот на Монпељњ, Марин Шего. Хрватска го загуби Лука Циндриќ, но тука се Домагој Дувнјак и Игор Карачиќ кои се опасни и кои ја предводат играта“, заклучи тој.