И Ренато Санчес во Милан ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан не запира кога во прашање е трансфер пазарот. Дефинитивно Росонерите се најактивниот тим ова лето и речиси секојдневно ги полнат насловните страници на весниците во однос на трансферите.

Нов играч кој се споменува со трансфер на „Сан Сиро“ е младиот и талентиран фудбалер на Баерн Минхен, Ренато Санчес.

19 годишниот Португалец би заминал од Баерн Минхен најпрво на позајмица, а потоа неговиот договор би бил откупен во целост.

Јасно е дека Санчес ќе има уште помала минутажа со доаѓањето на Хамес Родиргез во редовите на Баерн Минхен. Минатата сезона играчот кој дојде како големо засилување од Бенфика имаше само шест натпревари од првата минута за „Баварците“.

Милан треба да плати седум милиони евра за едногодишна позајмица, а потоа доколку сака да го откупи договорот уште 30 милиони евра.