Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Вардар славеше очекувана, но тешко остварена победа на гостувањето во Нови Сад кај Војводина со 26:23.
Со оваа победа „црвено црните“ е на само еден чекор до теоретско заверување на место на Ф4 турнирот во СЕХА Лигата.
По победата против Војводина во која најефикасен беше Чупиќ со осум погодоци, следи предизвикот наречен Рајн Некар Левен во рамките од Лигата на шампионите.
Освен Чупиќ, најефикасни во Вардар беа и Скубе кој постигна седум и Криштопанс кој натпреварот го заврши со шест погодоци. Солидна партија имаше и Милосављев кој собра 11 успешни интервенции.