Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На крајот на оваа сезона од Барселона ќе си замине тренерот Луис Енрике, а најверојатно по неговите стапки ќе тргнат и неколку фудбалери.
Минатото лето од Валенсија беше доведен Андре Гомеш, но португалецот не го оправда она што се очекуваше од него. Навивачите на каталонскиот клуб бараат негово заминување бидејќи мислат дека не е доволно добар да го носи каталонскиот дрес.
Шпанските медиумите пренесоа дека Гомеш ќе го направи она што е забрането, а тоа е трансфер во Реал Мадрид.
Наводно неговиот агент Мендеш го понудил својот клиент на кралскиот клуб бидејќи и Реал беше заинтересиран за него минатата сезона.